24фудбал

Левандовски: Идоли ми се родителите, се жртвуваа и секој ден после работа ме носеа на тренинг

Роберт Левановски вели дека се огледувал на Тјери Анри, но вистински идоли му се родителите, кои се жртвувале и секој ден после работа го носеле на тренинг.

Останато

Со 41 погодок во сезоната 2020/21, Роберт Левандовски беше најдобар стрелец во Европа и попладнево ја доби наградата „Златна копачка“.

Запрашан кој фудбалер му бил идол, Полјакот вели: „Кога бев млад, се огледував на Тјери Анри“.

„Но вистински идоли ми се родителите, кои се жртвуваа и секој ден после работа ме носеа на тренинг и првенствено се обидуваа да ме направат среќно дете, а потоа професионален фудбалер“.