24фудбал

Покетино детално објасни зошто го извади Меси од игра

Маурисио Покетино на денешната прес конференција објаснуваше и зошто го извади Лео Меси од игра на мечот против Лион.

Франција

Реакцијата на Меси откако беше изваден од игра на мечот со Лион предизвика лавина реакции.

Темата уште не стивнува, а на денешната прес конференција Покетино детално објасни зошто одлучил да го извади Меси.

„Да објаснам што се случи за време на натпреварот, ние ги следиме фудбалерите и видовме дека Меси беше загрижен за неговото колено. По ударот кој го прими, видовме дека се допира за коленото. Кога го видовме тоа ја доненсовме одлуката. Задоволни сме од неговите перфоманси. Задоволен сум од неговата посветеност и игра. Не постигна гол но беше многу добар. Приоритетот секогаш ни се фудбалерите, важно ни е да бидат здрави и мислевме дека најдобра одлука е да го извадиме од игра. Но се разбира, сите големи шампиони сакаат цело време да бидат на теренот“, вели Покетино.

Поради таа повреда на коленото, Меси не е во комбинација за утрешниот меч против Мец.