24фудбал

Меси се здоби со повреда од мечот со Лион

Аргентинецот со слична повреда се здоби овој месец на мечот против Венецуела за време на интернационалната пауза, односно при старт кој го чинеше противникот црвен картон.

Франција

„ЛЕкип“ известува дека ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси се здобил со повреда од мечот против Лион, меѓутоа станува збор за контузија на мускулатурата, повреда со која се соочува речиси секој фудбалер, секоја седмица.

Шеикот му се „закани“ на Покетино по замената на Меси (ФОТО)

На Меси не му се допадна одлуката на својот тренер Покетино да го повлече од игра во 76 минута, па одби дури и да се поздрави со својот сонародник, а францускиот медиум додава дека Аргентинецот денеска голем дел минал во собата за третмани во ПСЖ.

Очекувањата се во текот на утрешниот ден Парижаните да објават детално за состојбата на Меси, меѓутоа се верува дека не е ништо сериозно, а поточно, се работи за контузија на мускулатурата над левото колено.