24фудбал

Анри не е изненаден од реакцијата на Меси

Поранешниот француски фудбалер воопшто не е изненаден од реакцијата на Меси кому воопшто не му се допадна одлуката на Покетино да го повлече од игра.

Франција

Лионел Меси одби да се поздрави со својот тренер Маурицио Покетино откако неговиот сонародник тренер одлучи да го повлече од игра во 76 минута во мечот на ПСЖ против Лион, во кој Икарди, кој ја замени првата ѕвезда на Парижаните во 93 минута донесе победа од 2-1 за фаворитот.

Поранешниот соиграч на Меси од Барселона, Тијери Анри признава дека не е изненаден од реакцијата на Аргентинецот, а додава дека неговиот импакт во тимот ќе дојде наскоро.

Не, воопшто, сево ова мене лично не ме изненади“ рече Анри кој му беше соиграч на Меси во Барселона од 2007 до 2010 година,

Можеби тој не сакаше да излезе од теренот, не знаеме што си говорат еден со друг во тие моменти, ајде да не започнуваме со полемики, тој сигурно посакуваше да остане на теренот за да може да постигне гол“ додаде Французинот.

Импактот на Меси во ПСЖ ќе дојде, ќе се случи тивко, но за тоа е потребно време за адаптација дури и за најдобриот фудбалер во светот“ заклучи Анри.