24фудбал

Глигоров: Задоволство, но и одговорност е да се биде тренер на Вардар

Никола Глигоров го презема кормилото Горан Симов на тренерската позиција на ФК Вардар.

Македонија

Денеска Вардар му врачи отказ на Горан Симов и за в.д. тренер го назначи Никола Глигоров.

Поранешниот фудбалер на Вардар, Глигоров вели дека му е голема чест што ја добил оваа шанса.

„Ми претставува огромно задоволство и привилегија што ја добив довербата од управата на клубот да бидам вршител на должноста шеф на стручен штаб на ФК Вардар. Во исто време ми претставува огромна одговорност пред целокупната јавност а посебно пред нашите најверни навивачи "Комити" чија поддршка многу ја ценам. Голема благодарност до досегашниот шеф Горан Симов за се што направи за ФК Вардар и нас колегите. Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи, НАПРЕД ВАРДАР!!!“, изјави Глигоров.