24фудбал

По само четири кола, Вардар му врачи отказ на Симов

По поразот од Велешта, Вардар реши да се раздели со својот тренер Горан Симов, тимот засега ќе го води Никола Глигоров.

Македонија

Горан Симов издржа само четири првенствени натпревари на кормилото на Вардар.

Раководството на клубот не му го прости неочекуваниот пораз од Велешта за која победата над Вардар беше прва оваа сезона.

„Фудбалскиот клуб Вардар и г-дин Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера.

Функцијата в.д шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров“, стои во соопштението на клубот.