24фудбал

Покетино даде логично објаснување на прашањето зошто го извади Меси

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино објасни зошто го извади Меси кој не беше среќен од оваа одлука на неговиото сонародник.

Франција

На Покетино нема да му биде лесно да менаџира тим со ѕвезди. Сите од нив сакаат да играат цело време и се лутат кога треба да излезат од игра. Таков беше синоќа случајот со Меси.

По натпреварот, Покетино беше запрашан зошто го извади Меси. Тој не се правдаше, туку даде нормално објаснување.

Сите знаат дека во тимот имаме големи фудбалери. Имаме многу богат состав со 35 играчи. Па, треба да носиме одлуки. Да одлучиме кои 11 ќе стартуваат, па имаме одлуки и во текот на мечот“, вели Покетино.

„Понекогаш тие одлуки се исплаќаат, а понекогаш не. Но затоа ние стоиме пред клупата и размислуваме што да направиме. И тоа се одлуките кои треба да ги направите без разлика дали работите ќе се одвиваат добро или не. Дали на некој тоа ќе му се допадне или не“.

Меси беше заменет на резултат 1-1. ПСЖ успеа да го добие мечот со Лион со гол на Икарди во судиското продолжение.

Следниот натпревар на ПСЖ е веќе во среда, во Лига 1 му гостуваат на Мец.