24фудбал

Реакцијата на Меси кога беше изваден од игра: Лут, одби да се поздрави со Покетино (ВИДЕО)

Маурисио Покетино ќе има големи проблеми да се справи со егото на големите ѕвезди, сезоната е уште на почеток, а маките му се гледаат.

Франција

ПСЖ губеше од Лион, но на крајот успеа да победи со 2-1. Нејмар израмни од еден сомнителн досуден пенал, а во 93. минута Икарди ја донесе победата.

Но, она за кое се зборува е реакцијата на Меси кога во 76. минута беше изваден од игра.

Покетино како што е редот му подаде рака, но Меси одби да се поздрави и само нервозно му дофрли нешто.

Ова беше третиот натпревар за Меси во дресот на ПСЖ, Аргентинецот се уште чека на првиот гол. Денеска повторно погоди пречка.