24фудбал

На четири меча во Бундеслигата беа постигнати осум гола, од нив Баерн Минхен даде седум! (ВИДЕО)

Денешните четири меча во Бундеслигата беа крајно неефикасни со исклучок на дуелот на Баерн Минхен кој на Бохум му даде седум гола.

Германија

Интересна глетка на резултатите во Бундеслигата, осум гола на четири натпревари од кои седум ги даде Баерн Минхен.

Баерн ја наполни мрежата на Бохум победудвајќи го со 7-0. Кимих даде два гола, по еден реализираа Сане, Гнабри, Левандовски и Чупо Мотинг, еден погодок беше автогол на Лампродополус.

Аугсбург со 1-0 ја победи Борусија Менхенгладбах, а немаше голови на мечевите Арминија Билефилд - Хофенхајм и Мајнц - Фрајбург.