24фудбал

Л’Екип ја откри платата на Меси, доколку Аргентинецот на ПСЖ му остане верен до крај ќе заработи 110 милиони

Весникот Л’Екип обелодени детали од договорот на Лео Меси со ПСЖ, Аргентинецот во првата година ќе има 30 милиони евра нето плата, во втората и третата таа сума ќе се искачи на 40 милиони евра.

Франција

Лео Меси ќе заработи 110 милиони евра доколку на ПСЖ му остане верен до крај и помине три сезони во Париз.

Л’Екип денеска ги откри деталите, Аргентинецот ќе има плата колку онаа на Нејмар, но разликата е тоа што во иднина, Лео Меси ќе заработува повеќе од Бразилецот.

Напаѓачот во првата година ќе добие 30 милиони евра нето, додека во втората и третата ќе добива по 40 милиони евра, благодарејќи на клаузула за лојалност и исплата од по 10 милиони евра годишно.

Весникот исто така пренесува дека 1 милион од платата, Лео Меси ќе ја добива во фан токени, ПСЖ очекува од ваквиот метод на исплата да направи профит помеѓу 25 и 30 милиони евра годишно благодарејќи на соработката со Crypto.com.

Во овие суми не влегуваат бонусите, оние за колективни и индивидуални цели, тоа значи дека Лео Меси може да заработи многу повеќе.