24фудбал

Тренерот на Баерн откри дека Кингсли Коман имал операција на срцето

Кингсли Коман имал операција на срцето, „баварците“ брифираат дека се работело за мал зафат и Французинот за неколку недели ќе треба да се врати на терените.

Германија

Во пресрет на дуелот со Бохум, Јулијан Нагелсман откри дека Кингсли Коман имал операција на срцето. „Баварците“ смируваат дека не се работи за толку сериозна ситуација како што звучи, се работело за мал зафат и Французинот за неколку недели ќе се врати на терените.

„Коман синоќа беше опериран. Имаше проблематичен ритам на срцето, неколку отчукувања повеќе. Од време на време, знаеше да остане без здив. Па затоа беше поставен на долгорочен ЕКГ мониторинг и сега решивме да го направиме овој зафат“ – вели тренерот на Баерн.

„Следната недела (вторник) ќе почне со кардио тренинг и не би требало да биде надвор од терените повеќе од две недели“.