24фудбал

„Нашиот капитен му го побара дресот, а тој се насмеа и си замина, а можеше да израдува мало дете“

Репрезентативец на Гибралтар открива една доста интересна анегдота откако сите увидоа дека ниту еден член на таа селекција не се обиде да го добие дресот на ѕвездата од Борусија Дортмунд.

Останато

Гол машината на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд постигна хет-трик за својата национална репрезентација Норвешка во убедливата победа против аутсајдерот Гибралтар во мундијалските квалификации.

Како и да е, шоуто од тој меч сепак му го „украде“ фудбалерот на Гибралтар, Рис Стајш, кој го постигна најубавиот гол на пресметката, а тој откри и една анегдота за јавноста, односно проговори зошто ниту еден од фудбалерите на аутсајдерот не го побарал дресот на Халанд.

Ниту еден од нас не го посакуваше дресот на Халанд, ланскиот март нашиот соиграч и тогашен капитен Рој Чиполина му го побара дресот, тогаш Норвешка славеше со 3-0, а Халанд не успеа да погоди, беше повлечен од теренот по еден час игра и беше во едно чудно расположение“ рече Стајш.

Откако обајцата ги обавија интервјуата за ТВ, Рој му рече: Моето мало дете е голем фан на тебе, дали би ти било проблем да ги размениме дресовите?, а тој само го погледна, се насмеа и си замина“ додаде тој.

Халанд може да купи многу работи, но класата во никој случај, можеби тоа што е присутен низ медиумите веќе го променило како личност, имаше шанса да израдува едно мало дете“ заклучи Стајш.