24фудбал

Ибра: Во Милан прашав колку фудбалери играле Лига на шампиони, мислев дека се шегуваат кога ракаа кренаа два-тројца

Златан Ибрахимовиќ вели дека настап во Лигата на шампиони е нешто посебно и открива дека останал зачуден кога разбрал дека само два-тројца фудбалери на Милан имале настап во најелитното европско натпреварување.

Италија

По седум години пауза, Милан се врати во Лигата на шампионите и во средата му гостуваше на Ливерпул на Енфилд во возбудлив натпревар со два пресврти и резултат 3-2.

„Ова за многу играчи беше прв настап во Лигата на шампиони, сега ќе разберат какво е ова натпреварување и што треба да се прави. Сега сите знаат како е да се игра против најдобрите во Европа и светот, какво е темпото на игра, каков е квалитетот“ – вели Златан Ибрахимовиќ.

„Среќен сум за моите соиграчи. Паметам кога кон крајот на минатата сезона прашав колку фудбалери играле Лига на шампиони. Само два-тројца кренаа рака. Мислев дека се шегуваат, но беше вистина“.

„Доколку не сте играле Лига на шампиони, не знаете што пропуштата во кариерата. Дури и само да ја шутнете топката од Лигата на шампиони, ви дава поинаква енергија, повеќе адреналин“.

„Лига на шампиони на Сан Сиро со полни трибини, е тоа ќе биде вистински адреналин“.