24фудбал

Наполи и Елмас во самиот финиш се спасија од пораз кај Лестер (ВИДЕО)

Лестер водеше со 2-0, но не успеа да го победи Наполи кој со два гола на Осимен се спаси од пораз, Елмас одигра 30тина минути.

Лига Европа

Елмас од клупата го почна натпреварот против Лестер, во игра влезе во 64. минута од натпреварот.

Лестер поведе со гол на Перез уште во деветата минута, а Барнс во 64. зголеми на 2-0.

Се чинеше дека англискиот тим ќе дојде до победата, но Осимен во 69. намали на 2-1, а истиот фудбалер во 87. ги постави конечните 2-2.

2-2 заврши и мечот меѓу ПСВ Ајндховен и Реал Сосиедад, Лион со 2-0 победи на гостувањето кај Глазгов Ренџерс.

Олимпијакос со 2-1 го совлада Антверп, Монако соо 1-0 славеше над Штурм, 1-1 заврши дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Фенербахче.