24фудбал

Македонија назадуваше две места на ФИФА ранг листата

Трите ремија донесоа назадување од две позиции во најновото рангирање, а шанса за „поправен“ ќе имаме идниот месец.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација бележи пад од две места на најновото рангирање на ФИФА ранг листата, со тоа што нашата национална селекција сега се наоѓа на 74 позиција.

Септемврискиот циклус од мундијалските квалификации избраниците на Благоја Милевски го завршија без пораз, но истовремено и без победа, па така запишаа три ремија против Ерменија, Исланд и Романија.

Од нашите конкуренти во групата од мундијалските квалификации, Германија е на 14, Романија на 42, Исланд на 60, Ерменија на 89, односно Лихтенштајн на 188 позиција.

Водечката тројка ја сочинуваат Белгија, Бразил и Англија.