24фудбал

Лаутаро: Заслуживме многу повеќе

Интер загуби минимално на свој терен од Реал Мадрид на стартот од новата сезона во групите од Лигата на шампионите, а општиот впечаток е дека „Нероаѕурите“ можеа до победа.

Лига на Шампиони

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез не успеа да се запише во листата на стрелците во пресметката со „Кралевите“, а тој по мечот истакна дека неговиот тим заслужил многу повеќе.

Ние заслуживме многу повеќе, знаеме колку е тешко да се игра во Лигата на шампионите, а точно знаевме и против кого игравме, доколку не погодите, поразот може да ви затропа на вратата во секој момент, не можете ништо посебно да си дозволите против тимови како Реал Мадрид“ рече Лаутаро.

Сега мораме да се посветиме на работата и новите предизвици кои не чекаат, треба да се подобриме онаму каде што не бевме на потребното ниво, но и да не ги заборавиме добрите работи кои ги сторивме досега“ додаде Аргентинецот.