24фудбал

Гвардиола ги „подбра“ Грилиш и Марез (ВИДЕО)

Манчестер Сити славеше со 6-3 на домашен терен во голеадата со Лајпциг во првото коло од групите во Лигата на шампионите, а Гвардиола имаше посебни замерки за играта на Грилиш и Марез.

Лига на Шампиони

Пеп Гвардиола ги објасни нервозните реакции кон Џек Грилиш и Ријад Марез, фудбалери кои ги „подбра“, а воедно и им се дереше во лице пред да заминат во тунелот на пауза по првите 45 минути игра.

Ние разговаравме на полувремето за начинот на кој требаше да одиграме, а не го сторивме тоа, сево ова е нормално да се случи“ рече Гвардиола за „БТ Спорт“, кому веројатно ништо не му значеа посебно индивидуалниот учинок на двоецот.

Тие се многу добри, привлекуваат по четворица на нив, а со самото тоа отвораат голем простор за останатите, но сево ова се случи поради нивната работа во дефанзивните улоги, нема да навлегувам повеќе на оваа тема бидејќи можеби истата тактика ќе се користи и претстојниов викенд“ додаде тој.

Манчестер Сити на полувремето инаку имаше предност од 3-1, а сите погодоци за гостите ги постигна Нкунку.