24фудбал

Лингард: Грешки се случуваат во фудбалот, вознемирен сум за мојота улога во поразот

Фудбалерот на „Црвените ѓаволи“ беше во голема мера трагичар во неочекуваниот пораз кај Јанг Бојс на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Џеси Лингард признава дека е повреден по големата грешка која ја стори на мечот со Јанг Бојс каде едно погрешно додавање од негова страна во опасната зона „асистираше“ за гол на Швајцарците, и тоа победоносен во 95 минута, дело на Сибатшеу.

Минатата ноќ болеше, секогаш кога ќе го облечам овој дрес, се надевам дека луѓето ќе разберат што значи тој за мене, секогаш посакувам да го дадам најдоброто за клубот, тимот и навивачите, вознемирен сум за мојата улога во поразот, грешките се случуваат во фудбалот, но ние се креваме и тргнуваме одново“ напиша Лингард на социјалните мрежи.

Следеа бурни реакции од повеќе страни и негодувања за тактичката поставеност на Оле Гунар Солшер за пресметката против Јанг Бојс, а дел од критиките беа и кон одлуката на Норвежанецот да го замени Роналдо токму со Лингард.

Шмајхел со критики до Солшер: Роналдо го менуваш со Лингард? Чудна ситуација...

Лингард со овој кикс дополнително си ја компликува ситуацијата во Манчестер јунајтед, каде веќе е во завршна година неговиот договор, а изминатиот летен преоден рок имаше понуда на маса од Вест Хем каде изминатата полусезона беше фантастичен, истата ја одби и реши да се бори за место во „Црвените ѓаволи“. За ситуацијата да биде уште поотежнувачка за него, Вест Хем веќе го ангажираше Влашиќ, а Манчестер јунајтед пак Роналдо.