24фудбал

Клоп: За момент самите си ги компликувавме работите

Ливерпул добро се испоти да го добие дуелот со италијанскиот прволигаш кој одново е дел од групите во Лигата на шампионите, фаворитот славеше со 3-2, но победата ја обезбеди по потешкиот пат.

Лига на Шампиони

Ливерпул одлично го почна мечот и со автоголот на Томори уште во 9 минута поведе со 1-0, а веќе пет минути подоцна можеше и до 2-0, меѓутоа Мењан му одбрани пенал на Салах, за во 42 минута Ребиќ да израмни на 1-1, а две минути подоцна Диаз да донесе и пресврт за гостите.

Сепак, Салах и Хендерсон во второто полувреме донесоа победа за Премиерлигашот, а Јирген Клоп по мечот го потенцираше „застојот“ на неговите избраници во еден дел од мечот.

Ливерпул го победи Милан во луд меч на Енфилд, Родриго го шокираше Интер во 90. минута (ВИДЕО)

Ние мечот го почнавме на фантастичен начин, игравме супер меч, се работеше за доста интензивен натпревар, игравме одлично на сиот простор на теренот а не им дадовме прилика седо... навистина не сум сигурен за тоа, добивме казна во последните минути од првото полувреме, но истата почна од претходно“ рече Клоп.

Ова беше доста возбудлив и интересен натпревар, со тоа што во 10-15 минути од играта ние за момент ја загубивме иницијативата, а не бевме компактни“ додаде германскиот фудбалски стратег..

Ние за момент излеговме од нашиот препознатлив фудбал и самите си ги компликувавме работите, тие постигнаа два гола а потоа ние повторно игравме убав фудбал, постигнавме два преубави погодоци“ заклучи Клоп.