24фудбал

Халанд промаши зицер, а се насмеа на „поканата“ на навивачите на Бешикташ (ВИДЕО)

Гол-машината на Борусија Дортмунд запиша фантастичен учинок досега во својата кариера со 21 гол на 17 натпревари во Лигата на шампионите, а денеска можеше до гол повеќе.

Лига на Шампиони

Борусија Дортмунд славеше победа на гостувањето кај Бешикташ со 1-2, а головите за победничкиот табор ги постигнаа Џуд Белингем и Ерлинг Халанд, кој можеше и до втор гол на мечот.

Младиот Норвежанец се најде во една одлична прилика каде имаше безмалку чист зицер за да ја затресе мрежата на Турците, меѓутоа реагираше лошо во обидот, а топката отиде далеку над голот по неговиот удар.

Инаку дел од навивачите на Бешикташ по крајот на мечот, додека Норвежанецот даваше изјава за медиумите му извикуваа „Дојди во Бешикташ“, по што следеше насмевка кај напаѓачот.