24фудбал

Мењан му одбрани пенал на Салах (ВИДЕО)

Францускиот голман ја бележи својата 11 успешна интервенција во досегашните 35 пенали со кои се соочил во својата кариера.

Лига на Шампиони

Ливерпул тргна доста офанзивно уште од самиот старт на мечот против Милан на домашен терен, а домаќините по голот на Арнолд во 9 минута, само пет минути подоцна имаа можност и да го дуплираат водството.

Сепак, Салах не успеа да погоди од белата точка, а одличен во својата интервенција се покажа Мењан кој го прочита Египјанецот на која страна ќе бие.