24фудбал

Шмајхел со критики до Солшер: Роналдо го менуваш со Лингард? Чудна ситуација...

Шмајхел го постави прашањето со Гринвуд, а додаде дека нема никаква логика Роналдо да се менува со Лингард, бурни реакции на Островот по големиот кикс на „Црвените ѓаволи“.

Англија

Манчестер јунајтед тргна со пораз на гостувањето кај Јанг Бојс со 2-1, а кулата од карти за „Црвените ѓаволи“ почна да се руши по црвениот картон за Арон Ван-Бисака, иако фаворитот водеше по првите 45 минути игра, сепак во вториот дел во целост го загуби темпото на игра.

Предводникот на Премиерлигашот, Оле Гунар Солшер се здоби со низа критики за поставеноста на мечот, а особено критики доби поради двете замени во 72 минута, откако при резултат 1-1 од игра ги повлече Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо, а на нивно место ги стави Немања Матиќ и Џеси Лингард, за што критики доби и од легендарниот голман Питер Шмајхел.

Ние секогаш ќе дискутираме и ќе го поставуваме прашањето околу селектирањето фудбалери, јас сметам дека во ситуација кога наредниот меч во е во недела против Вест Хем, а го играте првиот меч во Лигата на шампионите, зошто не почнете со најдобриот тим, со најдобрите фудбалери?“ рече Шмајхел за „ЦБС Спортс“.

Ќе го наведам Мејсон Гринвуд како пример, тој е во одлична форма, млад фудбалер, креира доста шанси за целиот тим, Рафаел Варан иако сега дојде во клубот и тој требаше да биде во тимот“ додаде Данецот кој не се согласи ниту со одлуката на Солшер да го повлече од игра Кристијано Роналдо, а да го замени со Џеси Лингард.

Ние како навивачи на овој клуб секако дека постојано ќе сакаме да го гледаме Роналдо на теренот, без разлика дали тимот игра со играч помалку, тој е играч што може да реши меч со еден потег, клубот долго се надеваше да има таков играч, а на крајот на негово место Солшер става фудбалер кој ланската сезона беше испратен на позајмица, кого се обидуваа да го продадат, според мене ова е една доста чудна ситуација“ заклучи Шмајхел.