24фудбал

Историска победа за Шериф и Николов, Дортмунд со триумф се враќаа од гостувањето кај Бешикташ

Шериф Тираспл со победа го почна својот дебитантски настап во Лигата на шампионите, го совладаа Шахтар со 2-0, минути доби и Бобан Николов, Борусија Дортумд со 2-1 победи кај Бешикташ.

Лига на Шампиони

Историска прва победа за Шериф во Лигата на шампионите, молдавскиот тим продолжува да реди сензации. По импресивните квалификации, победува и во главниот дел од натпреварувањето. Беа подобри од Шахтар.

Мечот го отвори Траоре уште во 16. минута од мечот, а Јансане во 62. минута ги постави конечните 2-0.

Бобан Николов во игра влезе во 85. минута и ги одигра завршните минути од овој натпревар.

Со три бода стартуваше и Борусија Дортмунд која со 2-1 славеше на гостувањето кај Бешикташ.

Головите за германскиот тим ги постигнаа главните млади ѕвезди. Отвори Белингам во 20. минута, а по негова асистенција во судиското продолжение од првиот дел Халанд погоди за водство од 2-0.

Во вториот дел Борусија Дортмунд пропушти неколку големи шанси и на крај малку фалеше да направи од готово - вересија. Во судиското продолжение по асистенција на Пјаниќ, Монтеро даде гол и намали на 2-1.

Турскиот тим имаше уште четири минути да се спаси од пораз, но не успеа.