24фудбал

Костадинов погоди во убедливата победа на Ружомберок

Ружомберок обезбеди победа во третата рунда натпревари во националниот куп на Словачка, а нашиот репрезентативец е еден од стрелците во убедливата победа.

Македонија

Екипата на Ружомберок славеше убедлива победа од 0-6 против МШК Нове Место во националниот куп на Словачка, а нашиот интернационалец Тихомир Костадинов беше еден од стрелците во победничкиот табор.

Во 30 минута нашиот интернационалец погоди за дуплирање на водството за фаворитот, односно 0-2, а играше само во првото полувреме откако уште на стартот од вториот дел беше повлечен од игра.

25 годишниот Костадинов од 2017 година е дел од Ружомберок, а неговиот активен договор е со важност до декември, па останува дилемата каде ќе ја продолжи својата кариера.