24фудбал

Инзаги: Финалето со Ливерпул е мечот на мојот живот

Прославениот италијански напаѓач ги постигна двата гола во победата од 2-1 во тогашното финале кое се одигра во Атина а заврши со триумф од 2-1 за „Росонерите“.

Лига на Шампиони

Поранешниот напаѓач на Милан, Филипо Инзаги вели дека финалето против Ливерпул во 2007 година е мечот на неговиот живот, а верува дека избраниците на Стефано Пиоли ќе соберат дополнително искуство во вечерашниот меч против „Редсите“.

Тоа беше неверојатен меч за мене, тоа беше мечот на мојот живот бидејќи ми буди толку многу убави сеќавања“ рече Инзаги.

Тоа што во моментов ми го нуди најголемото задоволство е фактот што повторно го гледам Милан во Лигата на шампионите, благодарение на тренерот Стефано Пиоли, но и работата на Паоло Малдини во клупското раководство, тие се вистински тим повторно“ додаде тој.

Ливерпул е еден од најтешките противници со кои би можеле да се спротиставите, но вие можете да соберете големо искуство од вакви натпревари, се надевам дека ќе проследиме убав натпревар, а победа на Милан дополнително ќе ја зголеми самодовербата во тимот“ заклучи популарниот Пипо.