24фудбал

Хендерсон: Кјаер постави нови стандарди на лидерство во случајот со Ериксен (ФОТО)

Вечерашната пресметка на „Енфилд“ ќе ги разбуди спомените од феноменалното финале, а капитенот на домаќините не заборави да упати пофалби до Кјаер за херојскиот чин на Европското првенство.

Лига на Шампиони

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон не се штедеше на пофалби за својот вечерашен противник од редовите на Милан, Симон Кјаер, кого му посака добредојде на „Енфилд“ во пресрет на вечерашната пресметка во првото коло од Лигата на шампионите.

Би сакал да му посакам добредојде на Симон Кјаер на Енфилд ова утро, тој постави нови стандарди на лидерство за време на Европското првенство 2020 кога Ериксен падна“ напиша Хендерсон на социјалните мрежи.

Како за потсетување, Кјаер одигра клучна улога во спасувањето на животот на Кристијан Ериксен кој доживеа срцев напад за време на Европското првенство изминатото лето откако прв му пружи помош на својот соиграч и сонародник.