24фудбал

Лапорта: И јас сум револтиран, но и повреден, исто како и вие, потребно е трпение, но и поддршка

Раководството на Барселона одржало итен состанок кое траело дури до два часот по полноќ, а на истиот присутни биле претседателот Лапорта, потпретседателот Рафа Јусте, како и извршниот директор Матеу Алемани.

Шпанија

Барселона тргна со убедлив пораз со 0-3 од Баерн Минхен на домашен терен во новата сезона од Лигата на шампионите, а Каталонците беа и повеќе од лесен плен за Германците кои царуваа на „Камп Ноу“ и беа во целост доминантни.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одлучи да испрати порака до навивачите во која побара трпение од нив, но и да продолжат да го бодрат тимот, а упати и барање за доверба.

И јас сум револтиран, но и повреден, исто како и вие, тоа што се случува е едно од сценаријата кои ние ги замислувавме, а јас од вас барам да бидете трпеливи и да продолжите да го поддржувате овој тим“ рече Лапорта во своето обраќање.

Исто така би побарал од вас да имате доверба во оние кои го водат клубот во моментов, потребна ни е вашата доверба и време, воопшто не се сомневам дека ќе ја решиме оваа ситуација“ додаде тој.