24фудбал

Мурињо: Победивме пет натпревари, не 50...

Жозе Мурињо е задоволен од стартот на сезоната, но вели дека не треба веднаш да се размислува премногу оптимистички, сезоната е долга, а ова е само почеток.

Англија

Жозе Мурињо победи на сите пет официјални натпревари како тренер на Рома, но Португалецот е свесен дека има клубови со многу поквалитетни тимови од неговиот, па ја смирува еуфоријата.

„Пет победи не се 50. Нема причина за преголем оптимизам и позитивност“, вели Мурињо.

„Позитивните резултати се важни бидејќи му помагаат на тимот да го развива проектот. Фановите треба да бидат побалансирани во однос на еуфоријата исто како ние, треба да разберат дека ова е процес, а ние работиме само два месеци досега“.

„Се разбира дека има напредок, но треба да бидеме смирени. Секогаш им велам на моите фудбалери дека се помалку од 100 проценти е ништо. Секогаш треба дад работиме до максимум. Против Сасуоло можевме и да загубиме со 2-1, но нашата амбиција не беше доведена во прашање. Тоа е карактеристика која секогаш сакам да ја имаме“.

„Не сме перфектни, имаме уште многу работа пред нас и секогаш ќе имаме грешки“.