24фудбал

Румениге раскажа анегдота со Роналдо: Се сретнавме во Торино, стоеше позади врата...

Карл Хајнц Румениге вели дека Кристијано Роналдо е феномен со тело како на богот Адонис и раскажа интересна случка со Португалецот во Торино.

Останато

Кристијано Роналдо по трансферот во Манчестер јунајтед уште еднаш покажа дека има уште многу да понуди и продолжува да импресионира со своите игри и покрај тоа што има 36 години. Поранешниот генерален извршен директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге има само пофални зборови за ЦР7.

„Тој е феномен! Има 36 години, и веќе 20 години игра на највисоко ниво. Има тело слично како она на Адонис“ – вели Румениге во разговор со Билд.

„Паметам една интересна случка во Торино. Стоеше позади врата со рацете кренати во воздух“.

„Го прашав, „Што правиш?“ а тој ми одоговори, „Вежбам како да го прославам следниот гол...““.