24фудбал

Серхи Роберто плачел во соблекувалната поради свирежите од навивачите на Барселона

Серхи Роберто одигра катастрофален меч против Баерн Минхен по кој доби свирежи од Камп Ноу, фудбалерот на Барселона тешко го прифатил тоа.

Шпанија

Серхи Роберто одигра многу лош меч, тешко се снаоѓаше со нападите на Дејвис и Сане, а загуби и многу топки за 60 минути кои ги одигра.

Поради лошата игра почна да добива свирежи од навивачите на Барселона, како што одминуваше времето тие почнаа да му свират на секој допир со топката, а најгласни беа кога го напушташе теренот.

Според „АС“, фудбалерот бил многу погоден од свирежите на навивачите дури и плачел во соблекувалната.

Добил поддршка од соиграчите, особено од искусните, Пике и Серхио Бускетс, но и тоа не било доволно, си заминал видно разочаран и вознемирен.

И Куман и Пике со изјавите потсетија дека Серхи Роберто не играл на својата природна позиција, а Баерн Минхен е еден од најсилните тимови во светот.