24фудбал

Сари си ја доби казната за „дивеењето“ на мечот со Милан (ВИДЕО)

Лацио ќе биде без Маурицио Сари на следните два натпревари од Серија А, тоа е казната која ја доби тренерот за недоличното однесување во Милано.

Италија

По последниот судиски свиреж на мечот меѓу Милан и Лацио, додека камерата беше во фокусот на дуелот меѓу Ибрахимовиќ и Лукас Леива, Маурицио Сари тргна да се пресмета со Салемакерс.

Беше спречен поголем инцидент, но на Сари му беше покажан црвен картон.

Тој доби суспензија од два натпревари и ќе ги пропушти мечевите против Каљари и Торино.