24фудбал

Реакцијата на Алба кажува сè за инфериорноста на Барселона (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја надигра Барселона во првиот натпревар без Меси во Лигата на шампионите, каталонците изгледаа немоќно.

Лига на Шампиони

Баварците доминираа на Камп Ноу, беа далеку подобар противник од Барселона и победија со 3-0.

Фудбалерите на Роналд Куман се мачеа за да му се спротивстават на силниот противник кој можеше и со поубедлива победа да си замине дома.

За тоа каков беше натпреварот доволно говори реакцијата на Жорди Алба кој беше заменет на 15 минути до крајот на мечот.