24фудбал

Солшер објасни зошто ги извади Бруно Фернандеш и Роналдо

Манчестер јунајтед со неочекуван пораз од Јанг бојс ја стартуваше Лигата на шампионите, критичарите го вперија прстот во Оле Гунар Солшер.

Лига на Шампиони

Откако го даде голот, а особено по црвениот картон на Ван Бисака, Манчестер јунајтед комплетно му ја препушти играта на домаќинот.

Јанг бојс неочекувано имаше тотална доминација, а Манчестер јунајтед не ни шутна кон голот откако Роналдо постигна погодок.

Многумина сметаат дека Манчестер јунајтед има неспоредливо поквалитетен тим од Јанг бојс, па и со играч помалку не може да си дозволи таква доминација на противникот.

Еден од клучните моменти беше замените на Солшер по првиот примен гол. Тој ги извади Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо, а во игра ги стави Немања Матиќ и Џеси Лингард.

Овој потег наиде на многу критики, па Солшер мораше да објаснува на прес-конференцијата.

„Ги извадив од игра затоа што помнаа 70 минути а тие многу претрчаа и денеска и во саботата“, вели Солшер.

„И вештачката трева си го стори своето, а ни беше потребно искуството на Матиќ за да ја задржи топката и свежите нозе на Лингард“.

Токму по голем кикс на Лингард во 95. минута Манчестер јунајтед го прими вториот гол.

„Во последните секунди Џеси сакаше да додаде безбедна топка на голманот но згреши и примивме гол. Се случува. Хари Хиндсајт е многу добар фудбалер, па ако Џеси се најдеше повторно во таква ситуација, сигурно ќе шутнеше на другата страна. Но ќе научиме од тоа“.