24фудбал

Баерн Минхен ја надигра и убедливо ја победи Барселона на Камп Ноу (ВИДЕО)

Баерн Минхен доминираше против Барселона на Камп Ноу и на крајот се радуваше на убедлва победа од 3-0.

Лига на Шампиони

Баварците во моментов се пресилни за Барселона. Каталонскиот тим помина лошо на првиот натпревар без Меси во Лигата на шампионите.

Баерн Минхен многу лесно го доби дербито, можеше да биде и поубедливо.

Резултатот го отвори Томас Милер во 33. минута со шут од далечина. Со предност од 1-0 за Баварците заврши првото полувреме.

Во вториот дел двапати погоди Левандовски, двапати на сличен начин, топката од стативата се одбиваше кај него, па потоа тој реализираше.

Победа од 3-0 забележа и Јувентус кој му гостуваше на Малме. Трите гола беа постигнати во првото полувреме, Алекс Сандро, Дибала и Мората беа стрелци.

Челси со гол на Лукаку во второто полуврме го победи Зенит со 1-0.

Најмногу голови имаше на Ел Мадригал каде Виљареал и Аталанта одиграа 2-2.

Немаше голови на мечевите Динамо Киев - Бенфика и Лил - Волфсбург.

Претходно Манчестер јунајтед со 2-1 загуби од Јанг бојс, а Севиља и Салцбург одиграа 1-1.