24фудбал

Фудбалерите на Рома организираа специјална вечера за Жозе Мурињо (ВИДЕО)

Играчите на Рома заедно со раководството на клубот организирале вечера за Жозе Мурињо по повод 1.000-от натпревар на Португалецот во кариерата како тренер.

Италија

Фудбалерите на Рома одлучиле да го прослават големиот јубилеј на нивниот тренер во рибен ресторант недалеку од Олимпико.

На вечерата покрај фудбалерите и Мурињо, се и сопствениците на клубот, Дан и Рајан Фридкин.

Од видеата може да се види дека Мурињо одржал и говор, но забавата е приватна па нема многу информации за тоа што им кажал Португалецот.