24фудбал

Манчестер јунајтед игра очајно во ЛШ под водство на Солшер (ФОТО)

Манчестер јунајтед има ужасен почеток на новата сезона од Лигата на шампионите, а статистиката вели дека тоа не е случајно.

Лига на Шампиони

Најголемиот дел од фановите на Манчестер јунајтед го сакаат Оле Гунар Солшер и среќни се со него на клупата, но статистиката не е на страната на Норвежанецот кој се уште нема освоено титула.

Манчестер јунајтед е поразен на седум од 11 натпревари под водство на Солшер во Лигата на шампионите. Тоа се 13 проценти од вкупниот број на порази во ова натпреварување (7/54) иако Норвежанецот бил тренер на само 4,8 проценти од вкупниот број на мечеви на Јунајтед во ЛШ (11/231).

Манчестер јунајтед само еднаш во тие 11 мечеви на Солшер во ЛШ не примил гол.