24фудбал

Роналдо не запира, му требаа 13 минути да ја затресе мрежата на Јанг Бојс! (ВИДЕО)

Роналдо продолжува да ги тресе мрежите во дресот на Манчестер јунајтед, вечерва во Лигата на шампионите постигна гол на гостувањето кај Јанг Бојс по само 13 минути игра.

Лига на Шампиони

ЦР7 во саботата постигна два гола против Њукасл во својот прв натпревар за Манчестер јунајтед по трансферот од Јувентус.

Кристијано Роналдо и вечерва продолжи да ги тресе мрежите, во мечот од Лигата на шампиони, тој погоди против Јаног Бојс по 13 минути игра. Бруно Фернандеш одлично го проигра својот сонародник, кој со доза на среќа донесе водство од 0-1.

За Кристијано Роналдо ова е настапот број 177 во Лигата на шампиони со кој се изедначи на врвот со Икер Касиљас.