24фудбал

Мрежите мируваа на дербито меѓу Шкендија и Шкупи

Поместениот натпревар од ПМФЛ меѓу Шкендија и Шкупи заврши без голови 0-0.

Македонија

Поради пожарот во Тетово натпреварот меѓу Шкендија и Шкупи се одигра денес наместо во недела. Мечот почна со минута молчење во чест на жртвите од трагедијата.

Денешниот натпревар меѓу екипите кои имаат цел да ја освојат титулата, заврши без голови.

Се играше претпазливо, без многу шанси за гол, екипите повеќе размислуваа како да ја зачуваат сопствената мрежа.

По овој меч Шкупи е на третото место со 11 бодови, Шкендија е седма со 7 бодови.