24фудбал

Интересот на Реал, Барса, Ливерпул и Манчестер јунајтед го ставија на два ума, нов договор не е приоритет за Тилеманс

Јури Тилеманс вели дека сити опции се во игра, фудбалерот од Белгија е на два ума откако интерес за неговите услуги пројавија Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Англија

Лестер со месеци се обидува да го обнови договорот на Јури Тилеманс, но никако да пристигне абер за продолжување на соработката. Самиот фудбалер сега признава дека е на два ума откако гигантите ширум Европа пројавија интерес за неговите услуги.

„Отворен сум за се. Трансфер пазарот можеби заврши, но јас сакам да имам што е можно повеќе опции. Ќе видиме што ќе се случи. Нема да кажам дека ќе потпишам нов договор, ниту пак ќе кажам дека нема да потпишам нов договор“ – вели фудбалерот од Белгија.

Се шпекулира дека Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и Манчестер јунајтед се дел од клубовите кои внимателно ја следат ситуацијата.