24фудбал

Немаат многу трпение: Падна и вториот отказ во Серија А

Каљари попладнево соопшти дека тренерот Леонардо Семпличи заработил отказ, клубот ќе го напуштат уште четворица негови соработници.

Италија

Уште еден тренер во Серија А остана без работа. Откако утрово Верона соопшти разделба со Еузебио Ди Франческо, попладнево се разделија Каљари и Леонардо Семпличи.

54 годишниот стратег го превзеде кормилото на клубот од Сардинија во февруари и успеа да го спаси од испаѓање. Но откако по три кола од новата сезона беше освоен само еден бод, раководството на „црвено-сините“ решија да направат промени. Покрај Леонардо Семпличи, отказ добија и четворица негови соработници.

Како прв кандидат за клупата на Каљари сега се споменува Валтер Мацари, а како опции се посочуваат Диего Лопез и Бепе Јакини.