24фудбал

Рурес: Меси не замина поради финансиски причини... постоеја услови тој да остане во Барса

Поддржувачот на Жоан Лапорта, Жуаме Рурес вели дека Лео Меси не заминал од Барселона поради финансиски причини и верува дека постоле услови Аргентинецот да продолжи на Камп Ноу.

Шпанија

На почетокот од август се очекуваше Барселона да соопшти дека Лео Меси останува, но немсто тоа, „каталонците“ на големо изненадување пренесоа дека Аргентинецот заминува. Клубот од Камп Ноу се правдаше дека се приморани на еден ваков потег поради финансиските правила (селари кап) на Ла Лига.

Поддржувачот на Жоан Лапорта, Жуаме Рурес сепак вели дека финансиите не биле причина за ваквиот развој на настаните и верува дека постоеле услови за Лео Меси да остане.

Рурес исто така потврди дека на 3. јули, тој и Жоан Лапорта се сретнале со првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас и дискутирале за тоа како Барса ќе може да го регистрира Лео Меси.

„На тој ручек, останувањето на Меси во Барса беше на прав пат. Не се дискутираше за ЦВЦ. Ла Лига и претседателот на Барса сакаа да побараат решенија за Меси да остане и од тој состанок си заминавме со идеја дека се ќе биде во ред. Ништо не беше потпишано, но беше договорено“ – вели Рурес.

„Мислам дека работите се искомплицираа од спортска гледна точка, а не од економска. Меси ги направи отстапките кои беа побарани од него, и самиот тој го кажа ова. Сите го дадоа максимумот, но светот на фудбалот е многу комплексен“.

„Според мене, можеше да биде обновен договорот на Меси, дури и без ЦВЦ“.