24фудбал

Во Серија А по само три кола почнаа да се делат откази

Верона соопшти дека се разделува со тренерот Еузебио Ди Франческо кој само три кола се задржа на клупата.

Италија

Верона има три порази по три одиграни натпревари во Серија А, тоа беше доволно за раководството на клубот да му даде отказ на тренерот Еузебио Ди Франческо.

Газдите на клубовите во Италија немаат многу трпение со тренерите, особено оние од вториот дел на табелата, па така е и во Верона.

„Верона сака да соопшти дека го отпушти Еузебио Ди Франческо од позицијата тренер на првиот тим“, стои во соопштението на клубот.

Верона загуби од Сасуоло, Интер и Болоња, а во следното коло ја пречекува Рома.