24фудбал

Откриен говорот што Роналдо го одржал пред дуелот со Њукасл: Дојдов тука поради две причини...

Весникот Сан открива детали од говорот кој Кристијано Роналдо го одржал пред дуелот со Њукасл, ЦР7 порачал дека сe вратил поради победничкиот менталитет на клубот и ги повикал соиграчите да го даваат максимумот на секој натпревар.

Англија

Во последните денови од летниот преоден рок, Кристијано Роналдо се врати на Олд Трафорд и неговото влијание веднаш се почувствува. ЦР7 постигна два гола во победата од 4-1 над Њукасл, а резервниот голман Ли Грант раскажа како никој не се осмелил да јаде торта поради здравите навики на Португалецот.

Оле Гунар Солшер исто така откри дека Кристијано Роналдо одржал говор прет дуелот со Њукасл и ги храбрел своите соиграчи. Извор од соблекувалната сега за Сан откри детали од излагањето на ЦР7.

„Говорот на Роналдо беше моќен и инспиративен. Сите играчи и целиот персонал слушаа во тишина“ – вели изворот.

„Им рече на соиграчите, „Се вратив во Манчестер јунајтед поради две причини““.

„Првата е бидејќи сум заљубен во овој клуб. Втората е бидејќи го обожавам победничкиот менталитет што владее во клубот. Не дојдов да бидам мажоретка! Доколку сакате да успеете, тогаш морате од се срце да го сакате овој клуб“.

„Мората да јадете, спиете и да се борите за овој клуб. Без разлика дали играта или не играте, морате да им давате поддршка на соиграчите и секогаш да давате 100% за овој клуб“.

„Тука сум за да победувам и ништо друго. Победите носат среќа. Јас сакам да бидам среќен, дали вие сакате?“.

Тој потоа додадл: „Сите вие сте прекрасни играчи и верувам во вас, во спротивно немаше да се вратам. Навивачите ќе не поддржуваат доколку го даваме најдоброто од себе. Јас само сакам да креирам победнички менталитет, за кога еден ден ќе се пензионирам, победничкиот менталитет да остане, и оваа група на играчи да доминира, како што тоа го правевме во минатото“.

„Ќе го дадам најдоброто од себе но ми е потребна вашата поддршка. Дали сте подготвени за борба? Дали сте подготвени да изгинете на теренот?“