24фудбал

Двајца фудбалери на Реал Мадрид не се појавиле во ложата на Бернабеу за да избегнат средба со Зидан?

Зинедин Зидан бил гостин на Реал Мадрид на мечот со Селта кој го добија кралевите со 5-2, но на стадионот не се појавиле Герет Бејл и Лука Јовиќ.

Шпанија

На покана на раководството на Реал Мадрид, Зинедин Зидан со неговата сопруга биле во ложата на Сантијаго Бернабеу на мечот против Селта.

Таму биле и останатите играчи на Реал Мадрид кои поради различни причини не биле во комбинација за мечот, биле сите освен двајца.

„АС“ пишува дека Герет Бејл и Лука Јовиќ кои беа надвор од стројот, не биле присутни на Бернабеу.

Двајцата играчи не беа во добри односи со Зидан, па се претпоставува дека решиле да не дојдат на мечот откако дознале дека и нивниот поранешен тренер ќе биде таму. Не сакале да се сретнат со него.