24фудбал

Сите сакаат дрес од Роналдо, фудбалерите на Њукасл го ставија ЦР7 во незгодна ситуација (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше мета на фудбалерите на Њукасл по последниот свиреж на Олд Трафорд, тројца играчи се обидоа да разменат дрес со Португалецот.

Англија

Кристијано Роналдо во саботата по втор пат во својата кариера истрча на теренот во дресот на „ѓаволите“ и натпреварот не можеше да помине подобро, пред пол Олд Трафорд, ЦР7 постигна два гола во победата на Манчестер јунајте од 4-1 над Њукасл.

И покрај тоа што доживеаја висок пораз, гостинските играчи по последниот свиреж побрзаа да побараат дрес од Португалецот.

Од видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како Исак Хајден прв му пријде на Кристијано Роналдо, а потоа капитенот Џамал Ласелс и напаѓачот Жоелитно.

Португалецот ги одби нивните барања и сугерираше дека некој друг веќе му го побарал дресот.