24фудбал

Братот на Погба проговори за иднината на ѕвездата на Манчестер јунајтед

Матиас Погба даде свое мислење за иднината на неговиот брат, Пол е среќен во Манчестер јунајтед, но не се знае дали ќе остане.

Англија

Пол Погба влезе во последната сезона од договорот со Манчестер јунајтед и се додека прашањето за иднината му е отворено, ќе има шпекулации.

И неговот брат Матиас одговараше на прашања поврзани со иднината на Пол Погба.

„Пол се уште нема одлучено дали ќе остане или ќе си замине следното лето. Тоа е негова одлука. Се чувствува многу добро во Манчестер јунајтед сега, оваа сезона... па ќе видиме. Ќе видиме кога ќе одлучи“, вели Матиас Погба.

Погба се поврзува со Реал Мадрид, а понекогаш и со ПСЖ. „Атлетик“ синоќа излезе со вест дека сепак размислува да потпише нов договор со Манчестер јунајтед.