24фудбал

Легендата на Арсенал си ја отвори душата: На коцка изгубив 7 милиони, шмркав кокаин пред тренинг

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Пол Мерсон проговори за своите пороци, вели дека на коцка изгубил се што заработил како фудбалер, и раскажа како шмркал кокаин во такси на пат кон тренинг.

Англија

Пол Мерсон 12 години беше дел од „топчиите“, има тве титули шампион на Англија, еден ФА Куп, еден Лига Куп и еден УЕФА Куп на Куповите. Но легендата на Арсенал имал и бурен живот со многу пороци: коцка, алкохол и дрога.

Во колумна за Дејли Мејл, тој сега си ја отвори душата и раскажа како пороците му го уништиле животот.

„Прва пат се обложив кога имав 16 години, за 10 минути во Вилијам Хил ја изгубив целата моја прва плата од Арсенал. И не престанав да се коцкам додека не изгувбив се што заработив, односно околу 7 милиони фунти, куќи, автомобили, бракови, целата пензија и достоинството“ – вели Пол Мерсон.

„Почанв да пијам многу кога имав 18 години и играв на позајмица во Брентфорд. Бев срамежливо момче, па алкохолот ми помагаше да се снаоѓам подобро помеѓи поискусните професионалци. Бев горд што како од шала можев да испијам 12 лименки пиво“.

„Дознам дека не сум добар само во фудбалот, туку и во пиењето, можев да испијам повеќе од сите други“.

„Алкохолот ми направи проблеми со сопругата, а наскоро останав и без дозволата кога мртов пијан го слупав новиот автомобил во бандера“.

Тој некако успевал да одолее на дрогата до 1994, но кратко потоа му се препуштил и на овој порок. Еднаш дури и лажел дека е повреден за да не игра натпревар во Европа бидејќи се плашел дека ќе падне на допинг тест.

„Почнав да одам во еден паб кој работеше цела ноќ. Пиев сам, во талетот шмркав кокаин. Во 8 часот наутро ќе се качев во такси да одам на тренинг, и ќе направев линија на задното седиште“.

„Ме бркаа дилери, еднаш расчистив долг за кокаин со тоа шtо го дадов оргиналниот дрес од Арсенал, па во клубот лажев дека ми го украле“.

Пол Мерсон, кој сега работи како стручен коментатор за Скај Спортс, вели дека нема допрено кокаин 27 години, нема пробано алкохол 2 години, една година се нема обложувано и никогаш не бил посреќен во животот.