24фудбал

Вернер ќе замине од Челси уште во јануари и ќе се пресели во друг гигант?

Со доаѓањето на Лукаку, Тимо Вернер го загуби местото во стартниот тим на Челси, се шпекулира за негово експресно заминување од Стемфорд Бриџ.

Англија

Лукаку во Челси пристигна како големо засилување, а со неговите игри во првите кола си го закова местото во стартниот тим.

Тоа значи дека Тимо Вернер ќе ја грее клупата, шанса ќе добива при крајот на натпреварите и на некои полесни куп дуели.

Германецот е незадоволен од неговиот статус, а тоа сака да го искористи Баерн Минхен.

Според „Фудбал Инсајдер“, можен е трансфер на Вернер во Баерн Минхен уште во јануарскиот преоден рок.

Јулијан Нагелсман е голем фан на Вернер и го познава многу добро од деновите кои заедно ги поминаа во Лајпциг.