24фудбал

Баерн Минхен не може да си дозволи да учествува на „аукција“ за Халанд

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге вели дека ниту еден германски клуб не може да се натпреварува во трката за потписот на Ерлинг Халанд.

Германија

Борусија Дортмунд успеа оваа сезона да го задржи Халанд, но така нема да биде и следното лето кога се активира и откупната клаузула од 75 милиони евра.

Румениге верува дека Халанд ќе го добие оној кој ќе му понуди финансиски најдобар договор, а Баерн Минхен не е моќен доволно за да се бори за потписот на Норвежанецот.

„Ќе биде многу тешко Халанд да остане во Германија и по 2022 година. Јасно ми е дека на сила стапува неговата откупна клаузула, но ќе видиме вистинска аукција“, вели Румениге.

„Халанд ќе го добие клубот кој ќе му понуди најголема плата. Мислам дека овој трансфер е невозможен за ниту еден клуб од Бундеслигата, дури ни за Баерн Минхен“.