24фудбал

Сари го објаснува дуелот со Салемакерс по кој доби црвен картон

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари доби црвен картон по последниот судиски свиреж откако влезе во дуел со фудбалерот на Милан, Алексис Салемакерс.

Италија

Милан го доби дербито со Лацио, а по крајот на мечот настана голема мешаница на теренот по кој на Маурицио Сари му беше покажан црвен картон.

Сари тргна кон Салемакерс, но член на стручниот штаб на Лацио ги раздели пред да се случи уште поголем инцидент.

„Во основа не се случи ништо“, вели Сари.

„Младото момче направи гест кој не треба да го прави кон постари луѓе, тогаш дојде Ибрахимовиќ и ја смири ситуацијата. Вакви работи се случуваат“.